Фактичката лидерка на Мјанмар Ан Сан Су Чи денеска се среќава со членови на Конгресот, ден по најавата на американскиот претседател Барак Обама дека неговата администрација е подготвена да ја ослободи од економски санкции нејзината држава.
Обама во писмо ја нагласи „значајната општествена и политичка трансформација“ на Мјанмар, најавувајќи ја подготвеноста на САД да ги укинат санкциите.