Американската економија имала силна нето добивка од 242.000 работни места минатиот месец.
Извештајот на Одделот за труд од петокот, вели дека стапката на невработеност била стабилна во февруари на ниските 4, 9 проценти.
Експертите велат дека бројот на додадени работни места бил повисок од очекуваното.
Друг извештај покажува дека трговскиот дефицит на САД се влошил во јануари, кога извозот беше на најниско ниво за повеќе од пет години.
Силниот американски долар значи дека производите од САД се поскапи на светскиот пазар и тоа влијае на продажбата.