Линкови за пристапност

Канабисот на чекор да биде отстранет од листата на најопасни наркотици


На повидок промени во САД за лесните дроги

Канабисот наскоро можно е да биде прегрупиран и повеќе нема да се наоѓа на листата на најопасни наркотици во САД.

Администрацијата за примена на лекови вели дека во првата половина на оваа година, ќе биде одлучено дали да се прегрупира марихуаната, која моментално е во групата наркотици број еден, заедно со тешките дроги - хероинот и ЛСД.

Наркотиците од групата 1 немаат медицинска корист и можно е да предизвикаат „потенцијално тешка психичка и физичка зависност“.

Прегрупирањето на марихуаната во наркотик од групата 2, ќе ја стави во истата група со кокаинот, овозможувајќи им на медицинските истражувачи целосно да ги истражат потенцијалните медицински квалитети.

Американската медицинска асоцијација објави дека прегрупирањето на марихуаната во наркотик од групата 2, може да ги олесни „клиничките истражувања и развојот на медикаменти на база на канабис“.

Јавното мислење за марихуаната во САД е сменето изминатите години, откако анкетата на Галуп од 2015-та покажа дека 58 проценти од испитаниците се согласуваат со легализирање на марихуаната за рекреативна употреба.

23 сојузни држави до одреден степен ја легализираа марихуаната. Колорадо, Орегон, Вашингтон, Аљаска дозволија рекреативна употреба.

Двапати, во 2001-ва и 2006-та година прегрупирањето на марихуаната беше отфлено од страна на Администрацијата за примена на лекови.

Според статија во весникот „Денвер Пост“, прегрупирањето ќе биде „веројатно за поседувањето на марихуана да не биде невообичаено или одгледувањето од страна на поединци да не биде нелегално според федералниот закон“.

Весникот додава дека нема да се премости јазот помеѓу спроведување на федералниот закон и сојузните држави кои ја имаат легализирано марихуаната.

XS
SM
MD
LG