Линкови за пристапност

Пред третата републиканска претседателска дебата


Карсон води пред Трамп во неколку анкети, но уште нема сигурен фаворит

Кандидатите за претседателска номинација од републиканската партија, вечерва ќе ја одржат третата дебата. Досегашниот лидер Донал Трамп ја губи предноста што ја имаше, и сега поранешниот неврохирург, Бен Карсон е во водство според анкетите.

Четири нови анкети, направени во важната за гласање држава Ајова, покажуваат дека Карсон преоѓа во водство пред бизнисменот за недвижности Доналд Трамп. Исто така, за прв пат, Карсон е во водство пред Трамп и според анкетите направени на национално ниво.

Анкета на Њујорк Тајмс и ЦБЦ Њуз покажува дека Карсон води со 26 проценти поддршка од републиканските гласачи пред Трамп, кој е на второто место со 22 процента. Ова е прв пат Трамп да не го држи првото место од јули наваму кога започна рангирањето на кандидатите.

XS
SM
MD
LG