Линкови за пристапност

САД планираат трговска акција против Кина


Американскиот претставник за трговија ќе започне истрага со која може да се зголемат царините за кинеските производи увезени во САД

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува дали да започне акција која би можела да доведе до наметнување на царини и други трговски ограничувања на увозот од Кина.

Според американските медиуми, претседателот Доналд Трамп ќе му нареди на американскиот претставник за трговија, Роберт Лајтајзер да започне истрага за трговските практики на Кина, според Актот за трговија од 1974-та година.

Актот има за цел заштита на американската индустрија од нефер трговски практики од страна на странски земји.

Официјални претставници од администрацијата велат дека формалното соопштение би можело да биде направено во наредните неколку дена.

Претседателот Трамп и членовите на неговиот економски тим веќе подолго време ја обвинуваат Кина дека се занимава со трговски практики кои им нашетуваат на американските бизниси, од прекумерниот увоз на челик до кражба на интелектуалната сопственост.

Во колумната објавена во „Волстрит џурнал“, секретарот за трговија, Вилбур Рос, ја обвини Кина, како и Европа, за субвенционирање на нивниот извоз преку мерки какви што се „грантови, евтини кредити, енергетски субвенции, специјален поврат на данок на додадена вредност, како и други мерки.

И покрај поплаките, во првите шест месеци администрацијата на Трамп ја истакна соработката со Пекинг. Меѓутоа, билатералните трговски разговори минатиот месец не завршија со договор, а администрацијата на САД е незадоволна од неподготвеноста на Кина да изврши притисок врз Северна Кореја за ставање крај на програмите за нуклеарни и балистички ракети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG