Линкови за пристапност

САД ја повикаа Кина да се приклучи на санкциите кон Северна Кореја


Меѓународната заедница разгледува жестока реакција по тестирање на првата хидрогенска бомба на 6-ти јануари од страна на Пјонгјанг

САД велат дека Кина мора да му се приклучи на остатокот од светот во воведување силни санкции врз Северна Кореја поради последниот нуклеарен тест, со оглед на нејзините „специјалните“ односи со режимот во Пјонгјанг.

Американскиот заменик - државен секретар Ентони Блинкен го изложил овој став во Сеул по средбата со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјун Си.
Пјонгјанг се најде под удар на жестока критика од меѓународната заедница кога објави дека извршил тестирање на првата хидрогенска бомба на 6-ти јануари, и покрај санкции на ОН за претходните три тестирања.

Кина е близок дипломатски и економски сојузник на Северна Кореја, но односите меѓу двете земји заладија откако Пјонгјанг не се откажа од своите нуклеарни амбиции.

Но, Пекинг е загрижен дека силни економски санкции против Северна Кореја ќе предизвикаат пад на режимот, при што голем број на бегалци ќе сакаат да ја минат заедничката граница.

XS
SM
MD
LG