Лидерите на САД, Канада и Мексико потпишаа нов трговски договор. Доналд Трамп, Џастин Трудо, Енрике Пена Нието ставија потписи на документот пред отворањето на самитот на Г-20 во Аргентина.
Сепак ќе биде потребно време за тој да стапи на сила бидејќи треба да биде потврден од законодавците од сите три држави.
Договорот САД-Мексико-Канада ќе го замени договорот НАФТА, кој Трамп остро критикуваше во својата претседателска кампања во 2016-та година, нарекувајќи го најлошиот трговски договор во историјата кој довел до губење на работни места во САД.
Кога трите држави се согласија на договорот на почетокот од годинава, американскиот претседател изјави: „Овој историски договор ќе донесе пари и работни места во САД и во Северна Америка“.
Џошуа Мелтцер од Институтот Брукингс тогаш за Гласот на Америка изјави дека договорот не е многу различен од НАФТА.
Facebook Forum