Американски официјален претставник потврди дека Пентагон почна да го разгледува барањето од Одделот за домашна безбедност за пренасочување на средства за изградба на околу 270 милји жичана ограда долж јужната граница на САД со Мексико.
Во барањето се вклучени жичана ограда, патишта, специјални светла во неколку сојузни држави, или, конкретно, во шест сектори каде има најголеми илегални преминувања долж јужната граница.
Одделот за домашна безбедност бара помош од Пентагон согласно кодот 284, што и овозможува на армијата да ја брани државата од трговците и криумчарење со дрога.
Лани, администрацијата на Трамп пренасочи 6 милиони долари од програмите за сузбивање на протокот на дрога, за изградба на погранични бариери.
Конгресот не ги врати парите за оваа намена во актуелниот буџет.