Линкови за пристапност

Бајден инсистира на инфраструктурен план од 2,3 трилиони долари


Белата куќа започна целосна кампања за да им се покаже на пратениците и гласачите за обемот на инфраструктурните потреби на земјата

Американскиот претседател Џо Бајден денес се сретна со претставници од двете политички партии во САД, демократската и републиканската, за усвојување на неговиот инфраструктурен план вреден 2,3 трилиони американски долари за санација на веќе влошената патна инфрасуктура.

Се чини дека постои широка поддршка за планот на Бајден за традиционалното финансирање на инфраструктурата, поправање на патиштата и мостовите во земјата. Но, републиканските законодавци не го прифаќаат неговото барање околу трошоците за домашна грижа за постари лица, грижа за деца, здравствени установи за ветерани и други програми.

Покрај тоа, републиканците се повеќе насочени кон повикот на Бајден за зголемување на данокот од 33 проценти на корпорациите.

Белата куќа започна целосна кампања за да им се покаже на пратениците и гласачите за обемот на инфраструктурните потреби на земјата.

Тој објави податоци за степенот на итност за поправка, велејќи, на пример, 1.703 мостови имаат потреба од поправка само во државата Њујорк, и за санација на 11.700 километри во автопатшта кои се во лоша состојба.

Анализата покажа дека инфраструктурата за вода за пиење во Калифорнија има потреба од санации вредни 51 милијарда долари во следните 20 години, додека во главно руралната западна држава Вајоминг, повеќе од една четвртина од населението живее во области без минимално прифатливи широкопојасни интернет врски.

Постои приближно шанса дека четири на десет возила за јавен превоз во сојузната држава Индијана би можеле да бидат за ремонт, додека на училиштата во сојузната држава Пенсилванија им требаат 1,4 милијарди долари за одржување и надградба.

Белата куќа создава слика за огромните потреби за една од најбогатите земји во светот, сугерирајќи дека премногу патишта и мостови се небезбедни, притоа истакнувајќи дека екстремните временски прилики најмногу придонеле за влошување на инфраструктурата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG