Линкови за пристапност

Обама ќе го пропушти самитот на АПЕК заради затварањето на владата


Претседателот Обама го откажа претстојното патување во Азија заради делумното затварање на американската влада што во петок влезе во четвртиот ден.

Белата куќа доцна во четвртокот соопшти дека претседателот ја донел оваа одлука за откажување на посетата на Индонезија и Брунеи врз основа на тешкотиите да го организира патувањето во странство заради затварањето на владата и неговите планови да продолжи со притисок врз републиканците да дозволат гласање за повторно отварање на владата.

Белата куќа вели дека Државниот секретар Џон Кери ќе ги води американските делегации во двете држави, како и во Малезија и Филипините. Кери ќе присуствува на самитот на АПЕК во Бали наместо претседателот Обама.
XS
SM
MD
LG