Линкови за пристапност

Обама апелира за запирање на автоматските кратења


Американскиот претседател апелира за јавна поддршка да се запрат автоматските буџетски скратувања во износ од 85 милијарди долари кои треба да стапат на сила во петок.

Обама на работниците кои градат бродови во Њупорт Њуз, Вирџинија, им кажа дека скратувањата се „погрешни“, дека „не се паметни“, „не се фер“ и дека се „рана што сами си ја задаваме и што не мора да се случи“. Тој го повтори својот повик до Конгресот да ги запре скратувањата со усвојување на даночни измени.

Претседателот зборуваше во вторник, во најголемиот работодавец во сојузната држава што ќе ги почувствува скратувањата во поморската индустрија.

Засега нема знаци за формални преговори.

Спикерот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер, републиканец, имаше остри зворови за демократите, под чија контрола е Сенатот.
XS
SM
MD
LG