Белата куќа планира да ја затвори својата работна група за коронавирус за околу еден месец, додека бројот на нови потврдени случаи во САД продолжува да се зголемува за повеќе од 20.000 на ден, а бројот на смртни случаи дневно се движи меѓу 1.000 и 2.000 лица.
Потпретседателот Мајк Пенс рече дека администрацијата размислува кон крајот на мај или почетокот на јуни да го префрли управувањето со националниот одговор на сојузните агенции наместо на работната група. Тој го нарече овој потег „одраз на огромниот напредок што го постигнавме како држава“.
„И, како што реков претходно, како што продолжуваме да практикуваме социјално дистанцирање и државите се занимаваат со безбедни и одговорни планови за повторно отворање, јас навистина верувам - и трендовите тоа го поддржуваат - дека би можеле да бидеме на многу различно место“, Рече Пенс.
Роналд Клајн, чест критичар на Трамп кој реагираше на избувнувањето на ебола во 2014 година во Западна Африка за време на поранешниот претседател Барак Обама, изрази остро несогласување со плановите на администрацијата.
Во моментов, во САД има 1,2 милиони потврдени случаи на инфицирани со коронавирус и повеќе од 71,000 смртни случаи
Али Мокдад, професор на Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот во Вашингтон, рече дека ако тој е одговорен, тој би го префрлил фокусот на работната група наместо да се ослободи од тоа.
„Јас не би ја распуштил, туку би создал работна група за опоравување од КОВИД-19“, рече Мокдад.
Во понеделникот излезе нова прогноза во која се предвидуваат 135.000 смртни случаи на коронавирус во САД до почетокот на август. Во неа се вели дека бројките го земаат во предвид олеснувањето на мерките за останување дома и за социјално дистанцирање во околу 30 држави на САД.
Во моментов, во САД има 1,2 милиони потврдени случаи на инфицирани со коронавирус и повеќе од 71,000 смртни случаи на КОВИД-19.
Пандемијата на коронавирусот тешко ги погоди економиите низ целиот свет.
Европските лидери генерално чекаа да се намали бројот на заразени во нивните држави пред да се релаксираат мерките, процес што во моментов се одвива во поголемиот дел од Европската унија.
Европската комисија во средата издаде прогноза во која се предвидува „историска“ рецесија во еврозоната оваа година со економска контракција од 7,7 проценти пред да се врати на раст во 2021 година.
Во Јужна Кореја, која во средата објави само два нови случаи, премиерот Чунг Сју-кијун повика на претпазливост и им порача на официјалните лица да бидат подготвени доколку има нов бран на коронавирус.
Во Русија има повеќе од 165.000 случаи на инфицирани и 1.500 смртни случаи.
Facebook Forum