Пандемијата на коронавирус достигна уште еден тажен рекорд. Универзитетот Џонс Хопкинс вели дека сега во светот има два милиони потврдени случаи, од кои најголем дел во САД и повеќето од нив во градот Њујорк.
Само во градот има околу 106,000 случаи, а во целата држава Њујорк 195,000, што е повеќе од Шпанија или Италија. Но, гувернерот Ендру Куомо во понеделникот објави дека за Њујорк најлошото поминало.
Во Италија, по неколку дена на намалување на бројот на заболени, во понеделникот е забележан пораст од 2 проценти. Гувернерот на еден од најтешко погодените региони во Италија, Венето, рече дека од денеска почнува олабавување на некои од рестрикциите, иако покривањето на лицето останува во сила.
Бразилски научници делумно се откажаа од натамошно тестирање на лекот против маларија во борбата против коронавирус, откако забележале дека лекот создал проблеми со аритмија
Шпанија дозволи градежните и фабричките работници да се вратат на работа од вчера.
Но во Франција е продолжено затворањето на државата до 11-ти мај.
Бразилски научници делумно се откажаа од натамошно тестирање на лекот против маларија во борбата против коронавирус, откако забележале дека лекот создал проблеми со аритмија кај еден од четири субјекти на тестирањето.
Лекот било планирано да биде тестиран на 440 пациенти со коронавирус, но се откажале од студијата по тестирањето на 81 лице.
Facebook Forum