Линкови за пристапност

Шпанија и Италија со најголем број смртни случаи во светот поради коронавирусот


САД имаат најголем број случаи на инфицирани во целиот свет

Во Шпанија денеска се регистрирани 812 нови смртни случаи од коронавирусот, додека со повеќе од 6.000 нови потврдени случаи стана трета држава во светот по број на заразени, заедно со САД и Италија.

Шпанските власти пред две недели воведоа мерки за затворање на несуштинските бизниси и институции за да се обидат да го запрат брзото ширење на вирусот.

Ваквите мерки се користат од страна на владите во целиот свет, вклучувајќи ги и новите ограничувања во Москва, со кои на луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само за основни потреби, набавка за храна или лекови или за медицински итен случај.

Нигерискиот претседател Мухамед Бухари издаде наредба граѓаните во главниот град на земјата, Абуџа и најголемиот град, Лагос, да останат дома, како и да се избегнуваат патувања до и од другите делови на државата.

Во САД, кои имаат најмногу случаи на инфицирани во целиот свет, во државата Њујорк има над 1.000 смртни случаи.

Болниците во Њујорк ќе добијат олеснување со пристигнувањето на болничкиот морнарички брод Комфорт, со што ќе се отвори простор за пациентите со коронавирус со преземање на оние кои имаат потреба од грижа за други состојби освен вирусот.

Уште еден број веќе е ставен во функција во неделата во пристаништето Лонг Бич, кај Лос Анџелес.

Во Италија вчера се регистрирани нови 750 смртни случаи, но веќе се гледаат првите знаци на забавување на пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG