Во САД една третина од популацијата е опфатена со мерката која предвидува граѓаните да останат дома, по наредба на државните гувернери.
Гувернерот на Хаваи повика луѓето да не патуваат, освен доколку е тоа неопходно, додека гувернерот на западната држава Вашингтон ја заостри постојната наредба за затворање на несуштински бизниси.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, во понеделникот потпиша извршна наредба, со која се криминализира правењето залихи на лична заштитна опрема потребна за медицинскиот персонал со цел да остане безбеден додека лекува пациенти со коронавирус.
Во Италија, каде досега се регистрирани најсмртоносни последици во светот од појавата на коронавирус, трет последователен ден е регистрирано намалување на бројот на смртни случаи и нови инфекции.
Бројот од 601 смртен случај, регистрирани во понеделникот, се уште е многу висок, но тоа е значајно намалување од речиси 800 смртни случаи регистрирани во саботата.
Од почетокот на пандемијата во Италија се регистрирани над 6000 смртни случаи, а според бројот на инфицирани државата е на второ место во светот, по Кина.
Кина регистрираше само четири нови случаи.
Јужна Кореја, која исто така беше една од најпогодените држави, покажува континуиран прогрес. Во денешните извештаи се наведуваат 76 нови случаи, што е 13-ти ден по ред каде бројот на нови случаи е под 100.
Кина регистрираше само четири нови случаи.
Почнувајќи од денес, Куба забрани влез за туристи. Оние што веќе се таму ќе бидат во задолжителна карантин, додека кубанските граѓани нема да можат да го напуштат островот.
Facebook Forum