Линкови за пристапност

Коронавирусот и натаму ги тресе берзите


Европските акции паднаа во петокот, додека пад се регистрира и кај американските акции на Вол Стрит, бидејќи бројот на случаи на коронавирусот во Америка ја надмина Кина.

Индексот Сток Јуроп 600 падна за 1,7%, а индексот ФТСЕ 100 загуби 3,1%.

Индексот Дау Џонс е понизок за повеќе од 2%, а пад има и кај С&П 500 и Насдак-100.

Јапонскиот индексот Никеи во петокот забележа раст од 3,88%, а индексот во Хонг Конг и Шангај композит едвај се задржаа во позитива.

Австралискиот индекс падна за 5,08%.

Напредок следеше откако во Сенатот помина големиот економски пакет во износ од два трилиони американски долари, за што Претставничкиот дом треба да гласа денеска.

Индексот Дау Џонс обезбеди 1,352 поени, со 6% добивка. Стандард и Пурс и Насдак исто така се искачија за 6%.

Претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе го потпише економскиот пакет веднаш штом Претставничкиот дом ќе го изгласа.

Експертите велат дека берзите не се движат секогаш паралелно со економијата, а трговците купуваат и продаваат акции врз основа на она што се случува на месечно ниво.


Целта е да се внесе финансиска инекција во американската економија со цел нејзино закрепнување и придвижување откако истата е парализирана поради ширењето накоронавирусот.

Уште милиони луѓе се очекува да поднесат барања за бенефиции поради невработеност во наредните недели. Се прогнозира дека стапката на невработеност во САД ќе расте при што рецисијата е речиси извесна.

Но, од секогаш во природата на Вол Стрит е да ги разниша лошите економски вести, како што е високата невработеност. Експертите велат дека берзите не се движат секогаш паралелно со економијата, а трговците купуваат и продаваат акции врз основа на она што се случува на месечно ниво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG