Линкови за пристапност

99 години право на глас на жените во САД


Денес, 26-ти август, се одбележува Денот на рамноправност на жените во Америка

Денес во САД се одбележува Денот на рамноправност на жените, во чест на усвојувањето на 19. Амандман, со кој жените добија право на глас.

Ваквото право денес немаше да биде реалност доколку не се случеше движењето за правото на жените да гласаат, предводено од активистката Алис Пол.

Нејзините први протести, кои воедно беа и најголеми, се случија во главниот град на САД Вашингтон на трети март, 1913-та година, ден пред инаугурацијата на претседателот Вудро Вилсон.

Околу 8.000 жени тогаш маршираа на авенијата Пенсилванија, од Конгресот до Белата куќа.

Иако до 1918-та година Вилсон најави дека го поддржува женското движење, беа потребни уште две години Сенатот, Претставничкиот дом, како и 36 сојузни држави да го одобрат Амандманот.

Пол го напиша Амандманот за еднакви права на жените во 1923-та година, со кој повика на апсолутна рамноправност меѓу мажите и жените.

Нејзините поддржувачи го предлагаа Амандманот на секоја конгресна седница помеѓу 1923-та и 1972-та година, кога конечно беше усвоен од двата Дома.

Жените во Америка ја продолжија борбата за женските права до ден денес, а годинава се одбележуваат 99 години од усвојувањето на 19. Амандман.

Во јануари годинава рекорден број на жени, обоени лица и припадници на ЛГБТИ заедницата, беа избрани за претставници на Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG