Третиот и четвртиот по големина телефонски оператор во САД, T-Mobile и Sprint соопштија дека планираат да се спојат. Ова е трет обид да ги здружат силите против двете најголеми телекомуникациски компании во државата, Verizon и At&T.
Доколку дојде до договор, T-Mobile целосно ќе го купи Sprint за 26 милијарди долари. Заеднички, тие ќе имаат 126 милиони корисници, приближувајќи се до водечките две компании. Verizon има преку 150 милиони корисници, а At&T околу 142 милиони.
Претходно имаше два неуспешни обида за спојување на овие компании.
Новиот договор може да им помогне на компаниите да ги намалат трошоците и да го направат бизнисот поконкурентен. Но, постои и можност корисниците да плаќаат повеќе за безжична покриеност, затоа што новата компанија не мора да нуди поволни понуди за привлекување нови клиенти.
Се очекува регулаторите од Федералната комисија за комуникации внимателно да ги разгледаат бенефициите од спојувањето и дали договорот ги крши законите во државата против монопол.
Facebook Forum