Линкови за пристапност

Снежно невреме ја затвори владата во Вашингтон


Снегот претежок за гранките: поправка на оштетената електрична мрежа во Таусон, сојузната држава Мериленд
Снегот претежок за гранките: поправка на оштетената електрична мрежа во Таусон, сојузната држава Мериленд

Националната метеоролошка управа прогнозира 15 сантиметри снег во подрачјето на главниот град, па се` до Пенсилванија.

Снежното невреме што го зафати американскиот главен град причини најголем дел од владините канцеларии денес да останат затворени.

Националната метеоролошка управа издаде предупредување за зимско невреме во Вашингтон, околината, па се` до Пенсилванија, прогнозирајќи 15 сантиметри снег.

Конгресот остана отворен за работа, но поради невремето беа откажани неколку распити.

Доцнат или се откажани стотици авионски летови долж источното крајбрежје. Претходно, во неделата и понеделникот, невремето донесе снег и мраз во делови на сојузните држави Мериленд и Пенсилванија.
XS
SM
MD
LG