Силните ветрови помогнаа во ширењето на шумските пожари, кои ги зафатија западните делови на сојузната држава Калифорнија, што ги поттикна властите да наредат осум илјади домаќинства да бидат евакуирани.
Пожарот се наоѓа во округот Вентура, околу 40 километри северозападно од Лос Анџелес.
Официјалните претставници од Противпожарната единица, изјавија дека пожарот зафатил површина од 11 илјади хектари, и оти брзо се ширел. Силните ветришта се очекува да продолжат и во наредните неколку дена.
Шефот на Противпожарната станица во округот Вентура Марк Лорензен, рече дека во вакви услови, 500-те пожарникари кои работат во областа, повеќе се фокусираат на заштита на зградите, отколку да го запрат огнот.
„Работите не се добри“, рече Лорензен, и додаде:
„Природата ќе одлучи дали имаме способност да се справиме со оваа ситуација“.
Facebook Forum