Линкови за пристапност

Јужна Калифорнија зафатена од големи снежни врнежи


Западниот брег на Соединетите американски држави од Денот на благодарноста е зафатен од невообичаено моќна зимска бура. Големи снежни врнежи има во Јужна Калифорнија.

Автопатот север-југ поради вонредните временски услови вчера во двата правци беше затворен за сообраќај, а беше отворен подоцна во текот на денот.

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекуваат големи снежни врнежи на планините пред невремето да се придвижи кон исток подоцна денеска.

Посочија дека невремето би можело да донесе големи врнежи од дожд и поплави во јужна Калифорнија и Аризона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG