Линкови за пристапност

Монструозно невреме се очекува на источниот брег на САД


На малку повеќе од една недела пред почетокот на пролетта, североисточниот дел на САД се подготвува за голема снежна бура.

Националната метеоролошка служба предвидува невремето да зафати поголем дел од регионот во понеделник и вторник.

Предупредување е издадено за делови од североисточниот регион, вклучувајќи ги Њујорк и Бостон, каде во некои области се очекува од 30 до 45 сантиметри снег.

Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендру Куомо објави дека Државниот центар за итни операции ќе се активира и ќе се стават во функција вреќи песок, генератори и пумпи.

Главниот град Вашингтон, кој има лошо искуство во справувањето со поголеми количини на снег, очекува врнежи од 13 сантиметри и два пати повеќе во околината.

Патувањето ќе биде отежнато, а се очекува и прекин на електричната енергија. Од Националната метеоролошка служба соопштија дека во Лонг Ајленд и во југоисточниот дел на сојузната држава Конектикат се очекува ветер со јачина до 80 километри на час.

XS
SM
MD
LG