156 лица се` уште се водат исчезнати по торнадото што неделата го погоди местото Џоплин во сојузната држава Мисури.
90 лица од првичната листа на 232 исчезнати беа пронајдени живи и здрави, но истовремено беа додадени 22 нови исчезнати. Сегашниот вкупен број на загинати е 126, што е најтрагичен баланс од едно торнадо во САД во последните шест децении.
Претседателот Барак Обама ќе го посети Џоплин во недела. Тој веќе вети федерална помош за настраданите и за обнова на градот.
Во последователните невремиња вторникот и средата во сојузните држави Оклахома, Канзас и Арканзас загинаа најмалку 14 лица.
Минатиот месец, пак, серија торнада на југот на САД однесе најмалку 300 човечки животи.