Линкови за пристапност

„Циклонска бомба“ им се заканува на САД


Силната зимска бура доаѓа преку Атлантскиот Океан, а досега однесе 11 животи

Четириесет милиони луѓе на источниот брег на САД се зафатени од силнo зимскo невреме што доаѓа преку Атлантскиот Океан. Властите соопштија дека досега животот го загубиле околу 11 лица.

Во Бостон, Масачусетс се очекуваат преку 20 сантиметри снег во Бостон, Масачусетс, а училиштата веќе се затворени. Екстремната бура се очекува да донесе ветришта со јачина на ураган во областа Њу Ингланд и кон Канада.

Метеоролозите најавуваат дека ладното време ќе потрае до крајот на неделава, пред да омекнат температурите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG