Претседателските избори во САД се во ноември, но одредени сојузни држави нудат можност да се гласа и овој месец, пред двајцата главни кандидати да ја одржат својата прва дебата.
Во преку две третини од 50-те сојузни држави во САД, гласачите можат да го дадат својот глас лично, пред 8-ми ноември, и сите овозможуваат гласање по пошта доколку луѓето не се во можност да гласаат тој ден.
Според најновите анкети, демократката Хилари Клинтон води пред републиканецот Доналд Трамп со околу 4 поени.