САД најавија дека ќе ги прошират квалификациите за бегалци од Авганистан да можат да дојдат во САД, кои би биле мета за одмазда на Талибан поради нивната поврзаност со лица од Америка.
Стејт департментот најави дека сега се квалификуваат илјадници Авганистанци и нивните најблиски семејства кои работеле за Американската влада, на проект финансисран од САД, за воената мисија предводена од НАТО, или за невладини организации или медиуми со седиште во САД.
Во изјавата од Стејт департментот се вели дека пристапот до програмата за влез на беглаци во САД е „клучен механизам да се обезбеди поддршка за овие индивидуалци“.
Овој потег уследи откако САД почнаа со повлекување на воените сили од Авганистан по речиси 20 години. Поограничена група на Авганистанци веќе се квалификуваше да се пресели во САД, согласно програмата на Стејт департмент за специјална имигрантска виза.
САД и НАТО членките на почетокот на мај најавија дека ќе ги повлечат преостанатите трупи од Авганистан, додека Пентагон на почетокот на јули рече дека повлекувањето е 90 осто камплетирано.
Процесот се очекува да заврши до 31 август.
Facebook Forum