Линкови за пристапност

Расте бројот на жртви на насилен криминал во САД


Во 2018 година се регистрирани 3,3 милиони жртви на насилен криминал, за разлика од 2,7 милиони во 2015 година

Откако опаѓаше во текот на две децении, бројот на жртви на насилен криминал во САД се зголеми за 22% во последните три години, според ново истражување кое денеска го објави Министерството за правда.

Во 2018 година се регистрирани 3,3 милиони жртви на насилен криминал, за разлика од 2,7 милиони во 2015 година, покажа Националното истражување за криминалот на Бирото за правда. Годишната анкета беше спроведена од страна на Американското биро за попис.

Тригодишниот пораст се должи на зголемувањето на бројот на жртви на силувања и сексуални напади, кој се искачи од 204.000 на 347.000 случаи; потоа бројот на тешки напади, кој се искачи од 561.000 на 694.000; и бројот на лесни напади, кој порасна од 1,7 милиони на 2,1 милион.

Ова е трето последователно истражување кое покажува зголемување на бројот на жртви на насилни злосторства. Истражувањето следи по падот од 60% помеѓу 1994 и 2015 година, период во кој криминалот во САД нагло опаѓаше.

„Долгогодишниот генерален тренд на опаѓање на бројот на случаи на насилен криминал во САД, кој започна во 90-тите години, се промени во последните неколку години“, наведуваат во извештајот статистичарите Рејчел Морган и Барбара Одекерк.

Ова е трето последователно истражување кое покажува зголемување на бројот на жртви на насилни злосторства. Истражувањето следи по падот од 60% помеѓу 1994 и 2015 година, период во кој криминалот во САД нагло опаѓаше.


Наодите се во спротивност со тврдењето на администрацијата на Трамп дека помогнала да се запре „епидемијата“ на насилни злосторства за која тврди дека делумно била поттикната од имиграциската политика на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Администрацијата ја стави борбата против насилниот криминал во фокусот на домашната агенда, а официјални претставници укажаа на неодамнешната статистика поврзана со криминалот.

Во февруари, ФБИ објави пад од 4,3% на случаите на насилен криминал во текот на првите шест месеци од 2018 година, наспроти малото намалување во 2017 година. Падот следи по зголемувањето од 8% на насилниот криминал во 2015 и 2016 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG