Линкови за пристапност

Матис во Виетнам се заблагодари за зголеменото партнерство со САД


Секретарот за одбрана на САД однапред го поздрави американскиот носач на авиони, кој треба да пристигне на пристаништето Дананг во март

Секретарот за одбрана Џим Матис изјави дека однапред се радува на посетата на американскиот носач на авиони во Виетнам, пред крајот на неговата посетата на Ханој вчера.

Матис му се заблагодари на шефот на виетнамската Комунистичка партија Нгуен Фу Трунг, за „зголеменото партнерство“ со САД.

Пристигнувањето на носачот на авиони во пристаништето Дананг ќе се случи во март, а посетата на ваков носач на авиони е прва од ваков вид во Виетнам.

Официјални претставници на Пентагон нагласија дека виетнамскиот премиер, кој всушност е првиот човек на чело на државата, треба да даде конечно одобрение за посетата на американскиот носач на авиони.

Односите со САД станаа поблиски, откако Ханој покажа волја да се спротистави на Кина, во врска со кинеските територијални претензии во Јужнокинеското море.

Посетата на Матис се случува в очи на 50-та годишнина на офанзивата Тет - една од најголемите кампањи на американско-виетнамската војна, и потсетување за проблематичната историја на двете држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG