По речиси четири децении од завршувањето на Војната во Виетнам, САД започнаа со деконтаминација од хербицидот Портокаловиот агенс.
Виетнамски и американски лица денес официјално означија почеток на проектот за чистење на наслагите на токсичната маерија диоксин во поранешната американска воздушна база во Дананг, каде беше складиран агенсот.
САД за време на војната распрскаа милиони литри од агенсот врз џунглите во Виетнам, за да ја разретчат вегетацијата во потрагата по комунистичките сили во земјата. Но, покрај тоа што уништи милиони ари вегетација, се смета дека хербициот имал и несакани последици. Изложеноста на него е поврзана со рак на респираторниот тракт, дијабетес и дефекти при раѓањето.
Американскиот амбасадор во Виетнам Дејвид Шиар на денешната церемонија рече дека заедничката акација за расчистување е историски момент што покажува дека Ханој и Вашингтон „ги преземаат првите чекори да ги закопаат оставините на нашето минато“.
Деконтаминацијата ќе трае до 2016-та и вклучува тестирање и собирање на околу 73.000 кубни метри почва што потоа ќе се загрева на висока температура за да се изгори диоксинот.