Линкови за пристапност

Секретарот за воени ветерани свикан да сведочи во Конгресот


Секретарот за воени ветерани Ерик Шинсеки
Секретарот за воени ветерани Ерик Шинсеки

Поради наводните долги листи на чекање во болниците специјализирани за ветераните.

Конгресот го свика секретарот за воени ветерани Ерик Шинсеки на распит наредната недела за наводните долги листи на чекање на лекарски третман.

Шинсеки нареди да се направи проверка откако се појавија медиумски извештаи дека ветераните со месеци чекале да им биде укажана нега во специјализираните болници за нив во Аризона и на други места. Според еден извештај, некои од ветераните во меѓувреме починале.

Американската легија, една од главните организации во САД којашто ги застапува воените ветерани, го повика Шинсеки и двајца други претставници на владиниот Оддел за воени ветерани да поднесат оставка. Но, организацијата Ветерани од војните во странство, пак, соопшти дека не го поддржува барањето за оставка и смета дека Шинсеки треба да преземе мерки за да го реши проблемот.

Белата куќа соопшти дека има полна доверба во Шинсеки и наведе дека застојот во случаите на ветерани коишто чекаат на третман во болниците двојно се намалил, од 600.000 случаи минатата година, на само нешто над 300.000 на почетокот на месец мај.
XS
SM
MD
LG