Линкови за пристапност

Пенс: Народот на Венецуела е заложник на Куба


Потпретседателот Мајк Пенс рече дека САД ќе застанат во одбрана на народот на Венецуела се додека не биде вратена слободата

Американскиот потпретседател Мајк Пенс рече дека САД ги укинале санкциите за поранешниот директор на разузнавачка служба на Венецуела, но ги предупреди 25-те судии на Врховниот суд во земјата за можни казни и повтори дека „сите опции се на маса“ за да биде отстранат претседателот Николас Мадуро.

Учесниците на годишната американска конференција воСтејт департментот во Вашингтон внимателно го слушаа Пенс кој алудираше на можна воена акција.

Потпретседателот доби громогласен аплауз кога рече дека САД ќе застанат во одбрана на народот на Венецуела се додека не биде вратена слободата.

Пентагон, исто така, испраќа воен болнички брод за да им понуди медицинска нега на венецуелските бегалци и на другите кои имаат потреба од тоа, потврди Пенс.

Администрацијата на Трамп ги укина санкциите за директорот на разузнувачката служба на Венецуела кој му откажа поддршка на Мадуро. Тој беше еден од 150 официјални претставници и претставници на бизнис секторот санкционирани како дел од настојувањето на САД да ја ослабне поддршката на Мадуро.

Националното собрание и опозициониот лидер Хуан Гуаидо го поздрави потегот на САД, при што на Твитер објави порака дека тоа е доказ за цврстата поддршка од страна на сојузниците.

За време на говорот Пенс го впери прстот и во Куба, Русија и Иран.

„Никој не сторил повеќе за да го поддржи режимот на Мадуро од Куба“, рече Пенс. „Народот на Венецуела е всушност заложник на Куба.“

Според Пенс, Русија преку Венецуела бара поддршка во Западната хемисфера.

Иран, тврди Пенс, соработува со Венецуела за да „воспостави безбеден рај за своите терористички застапници.“

Како одговор на ставот на администрацијата на Трамп, демократскиот законодавец Дарен Сото изрази поддршка да бидат преземени „широки мерки, вклучувајќи ја и иницијативата за поттикнување на венецуелската војска за да се охрабри да му се спротивстави на тиранскиот режим на Мадуро.“

Конгресменот од Флорида, исто така, ја повика администрацијата на Трамп да ја поддржи легислативата„да се обезбеди привремен заштитен статус за Венецуелците и да престанат депортациите за оние кои веќе се во САД.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG