Линкови за пристапност

САД ја осудија Венецуела заради смртта на опозициски активист


САД го осудија учество на владата на Венецуела во смртта на опозицискиот активист Фернандо Албан.

Белата куќа во соопштение кажа дека САД ќе продолжат да вршат притисок „се додека во Венецуела не биде обновена демократијата.“

Белата куќа повика и на „итно ослободување на сите политички затвореници во Венецуела. Режимот на Мадуро да преземе директни и веродостојни чекори за враќање на демократијата во државата, како и ставање крај на понатамошните страдања и крвопролевања.“ се вели во соопштението.

Фернандо Албан беше член на Градскиот совет на Каракас. Тој беше обвинет за вмешаност во неуспешниот напад со беспилотно летало врз претседателот Никола Мадуро. Албан бил во притвор и починал по пад од прозор.

Властите велат дека Албан извршил самоубиство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG