Линкови за пристапност

САД најавија нови санкции кон Венецуела, Куба и Никарагва


Советникот за национална безбедност Џон Болтон вели дека сите опции се на маса

Владата на САД денес се очекува да најави дополнителни санкции кон Венецуела, како и кон Куба и Никарагва.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го приоретизраше отстранувањето на Николас Мадуро од Каракас, признавајќи го опзицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател, кој беше признаен уште од 50 други држави.

Пред утрешниот говор во Мајами, советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон нагласува дека сите опции за Венецуела се на маса.

„Сакаме мирна транзиција на моќта, но, посветени сме на промена на власта. Мадуро и неговите советници нека се грижат што тоа значи“, изјави високиот официјален претставник.

Како дел од напорите за отсранување на Мадуро, е и зголемениот притисок врз Куба.

Како дополнување, администрацијата на Трамп се очекува за првпат да дозволи да се поведат судски постапки во САД против сите странски компании во Куба кои користат имот конфискуван од американските граѓани во 1960-те години од страна на Владата на Фидел Кастро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG