Венецуелскиот претседател Николас Мадуро вели дека за секое насилство во државата виновен е американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој ова го изјави откако САД воведоа санкции за државната нафтена компанија на Венецуела.
Со санкциите се замрзнуваат сите средства што ги има владата во нафтената компанија во САД, а на американските фирми и граѓани им е забрането да водат бизнис со оваа фирма.
Мадуро минатата недела кажа дека ги прекинува дипломатските односи со САД како одговор на одлуката на САД да го признаат Хуан Гваидо за привремен лидер на Венецуела.
Facebook Forum