Линкови за пристапност

Мадуро го покани Абрамс на разговори


Претседателот на Венецуела, за Асошиетед прес, рече дека и тој би сакал да се сретне со специјалниот претставник на САД, кој неодамна рече дека времето за разговори со Мадуро поминало

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го покани Елиот Абрамс, специјалниот американски преставник во Каракас, откако откри дека министерот за надворешни работи Хорхе Ареза имал тајни разговори со него во Њујорк.

Мадуро, за Асошиетед прес, рече дека и тој би сакал да се сретне со Абрамс, кој неодамна рече дека времето за разговори со Мадуро поминало.

„Ако Доналд Трамп утре одлучи да не биде инволвиран во Венецуела, државата ќе заздрави на забрзан начин и ќе најде решение преку политички дијалог. Заразната рака на Доналд Трамп и` штети на Венецуела“, рече Мадуро.

Засега нема коментар од американските официјални лица на изјавата на Мадуро.

Во меѓувреме, Ареза формира коалиција од дипломати кои веруваат дека САД и други го прекршуваат договорот со Обединетите нации против немешање во други држави.

„Сите имаме право да да живееме без закана од употреба на сила, како и без воведување нелегални, насилни и еднострани мерки“, рече Ареза.

Мадуро одбива да се дозволи хуманитарна помош од САД во Венецуела, нагласувајќи дека тоа не е потребно.

Русија, Кина, Иран, Северна Кореја и Куба се меѓу државите кои го поддржуваат Мадуро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG