Линкови за пристапност

Уште 1,2 милиони невработени во САД побaраа помош од државата


Минатата недела уште 1,2 милиони невработени американски работници поднесоа барање за надомест поради невработеност, соопшти Одделот за труд во четвртокот, додека пандемијата на коронавирусот продолжува да ја разорува американската економија.

20-та недела со ред, повеќе од еден милион луѓе бараат помош од владата, бидејќи вирусот се шири низ целата земја, принудувајќи ги работодавците да ги затворат своите деловни активности или да ги намалат и да отпуштаат работници.

Минатата недела имаше подобрување, бидејќи 249,000 помалку работници побараа помош за разлика од претходната недела, можеби затоа што четиримесечната федералната помош за невработените, барем за момент, заврши.

До минатиот петок, САД испраќаа дополнителни 600 американски долари неделно на невработените работници. Сепак, федералните исплати истекоа на крајот на јули и досега оваа недела администрацијата на претседателот Доналд Трамп и опозициските демократи во Конгрес не постигнаа договор колку долго да се продолжи со плаќањата или колкава треба да биде помошта.

Републиканските законодавци бараат намалување на федералната помош за две третини, на 200 американски долари неделно, додека велат дека се надеваат на крајот бенефициите да бидат 70% од поранешните плати на работниците. Демократските законодавци сакаат да ги задржат исплатите од $ 600 неделно до крајот на 2020 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG