Линкови за пристапност

Нови три милиони лица во САД побарале паричен надомест поради невработеност


Тие се пријавиле за бенефиции изминатава недела

Бројот на барања за надомест поради невработеност во САД незначително се намалил минатата недела, но, речиси нови три милиони работници се пријавиле за бенефиции.

Изминативе два месеца, повеќе од 36 милиони невработени лица побарале паричен надомест, или повеќе од еден на секои пет работници, од вкупна работна сила во државата од 164 милиони лица.

Владата минатата недела, соопшти дека официјалната стапка на невработеност за април изнесува 14,7 проценти, но, економски официјални лица од администрацијата на Трамп, велат дека многу е веројатно оти е повисока, и дека во наредните недели може да достигне и до 25 проценти.

Федералните резерви на САД, предупредуваат дека американската економија би можела да се соочи со повеќегодишна рецесија, ако не се одобри дополнителна помош за работниците.

Секретарот за финансии на САД Стивен Мучин, како и други економски советници на претседателот, пак, предвидуваат подобрување на ситуацијата во втората половина на годината, продолжувајќи со таков тренд и во 2021.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG