Линкови за пристапност

ОН ги критикуваат САД за бруталноста на полицијата


Комисијата против тортура ги повикува САД да спроведат истрага по бројни случаи и поплаки

Комисијата против тортура при ОН, ги повикува САД да ја истражат злоупотребата на полициските овластувања, во време кога продолжуваат протестите по одлуката на големата порота во Мисури да не покрене обвинение против поцицаецот-белец кој усмрти невооружен тинејџер-црнец.

Во извештај објавен во петокот, комисијата наведува дека е загрижена по бројните извештаи за полициска бруталност и прекумерна употреба на сила, конкретно врз малцинските расни и етнички групи. Употребата на огнено оружје или фаталните потери по невооружени црни поединци од страна на полицијата, ги опишува како „чести“ и „повторителни“.

Еден од 10-темина независни стручњаци, Џенс Модвинг, истакна дека американските претставници не обезбедиле податоци за ваквите поплаки и за тоа како по нив било постапено.

Ова е прва евалуација од страна на експертска група на ОН за за однесувањето во САД во овој домен, од 2006-та, наваму. Групата има мандат да ги евалуира сите 156 земји што го ратификувале Договорот против тортура на ОН.

XS
SM
MD
LG