Линкови за пристапност

Хејли со остра критика кон Иран


Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли остро го критикуваше Иран за она што таа го нарече„долга листа“ на неприфатливо однесување, исто така критикувајќи го Советот за безбедност на ОН дека не го држи на одговорност Техеран.

Хејли вчера зборуваше на месечниот состанок на Советот:

„Режимот продолжува со изигрување на Советот. Иран се крие зад тврдењето за техничка усогласеност со нуклеарниот договор, додека безобразно ги крши другите одредби, а ние им го дозволуваме ова. Тоа мора да престане.“

Минатата недела претседателот Доналд Трамп изјави дека не може да ја верификува усогласеноста на Иран со нуклеарниот договор и отвори можност Конгресот повторно да наметне некои или сите унилатерални санкции, кои беа укинати со меѓународниот договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG