САД ги информирале Обединетите нации дека повеќе нема да учествуваат во Глобалниот договор на ОН за миграција.
Минатата година, 193 членки на Генералното собрание на Обединетите нации, едногласно усвоија необврзувачка политичка декларација - Њујоркшката декларација за беглаци и мигранти, за поддршка на правата на бегалците, со која ќе им се помогне да се преселат и да добијат пристап до образование и работни места.
Но, државниот секретар Рекс Тилерсон вели дека програмата не била во согласност со американските имиграциони политики.
Најавата на САД дојде само неколку часа пред денешното отворање на Глобалната конференција за миграција во Пуерто Валарта, Мексико.
Целата на Конференцијата е да се преговара за стратегии за справување со 60 милиони луѓе низ светот, кои насилно биле раселени поради различни причини.
Facebook Forum