Линкови за пристапност

САД против резолуцијата на ОН за осуда на ембаргото кон Куба


На слично гласање од минатата година, САД за првпат беа „воздржани“

Се очекува САД да гласаат „против“ по резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации која повикува на ставање крај на американското економско ембарго против Куба.

Минатата година на слично гласање во ОН, САД за првпат беа „воздржани“ откако поранешниот претседател Барак Обама се обиде да ги нормализира односите со Хавана. Иако администрацијата на Трамп планира да остане ангажирана со Куба и да ги штити интересите на САД, се отфрла напредокот постигнат под претседателствувањето на Обама.

„Предолг период, Куба е вклучена во кршење на човековите права, на што претходната администрација гледаше на поинаков начин“ рече портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт. Се` уште нема коментар од Куба за денешното гласање.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но делегатите секоја година со големо мнозинство гласаат „за“, повикувајќи го американскиот Конгрес да го укине 57-годишното ембарго против Куба.

Минатата година резолуцијата помина со 191 глас „за“ додека САД и Израел беа воздржани.

Претседателот Доналд Трамп претходно годинава во Хавана ја обвини Куба за мистериозните сонарни напади во кои беа повредени 24 американски дипломати и други лица. Кубанските истражители велат дека наводите дека некој поставил сонарни уреди надвор од домовите на дипломатите во Хавана се „научна фантастика.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG