Линкови за пристапност

Болтон пристигнува во Украина за да ја потврди американската поддршка


Ова е прва посета на Украина од страна на висок американски официјален претставник од изборот на претседателот Володимир Зеленски

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон пристигна во Киев. Ова е прва посета на Украина од страна на висок американски официјален претставник од изборот на претседателот Володимир Зеленски во април.

„Амбасадорот Болтон е тука за да ја истакне американската поддршка за суверенитетот на Украина, територијалниот интегритет и евроатлантскиот пат. Тој очекува да има продуктивни состаноци со украинските власти “, соопшти американската амбасада во Киев.

Еден ден претходно, Болтон објави дека Вашингтон ги поддржува „напорите за реформа и визијата на Зеленски за посилна и попросперитетна Украина“, и покрај континуираната борба меѓу владините сили и сепаратистите поддржани од Русија.

Исто така, претседателската администрација во соседна Белорусија соопшти дека Болтон ќе патува во Минск на разговори со претседателот Александар Лукашенко подоцна во текот на неделата, без притоа да наведе точен датум.

Посетата на Болтон во Минск, што не е потврдена од американски официјални претставници, ќе ја одбележи посетата на Белорусија од страна на претставници на американската влада на највисоко ниво во изминатите 20 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG