Одделот за одбрана на САД вели дека ќе ѝ даде на Украина 200 милиони долари за да ѝ помогне во зајакнување на одбрандбените способности на нејзината Армија.
Пентагон во петокот објави дека парите ќе бидат искористени за финансирање на воена обука, опрема и советодавна помош.
Вкупната воена помош не е од смртоносна природа.
Пентагон изјави дека времето за испорака на помошта и опремата ќе се утврди подоцна.
Последната воена помош на САД за зголемување на безбедноста во Украина, достигна сума од над една милијарда долари, откако Русија го припои Крим во 2014-та година.
Украинската влада работи на усогласување на нејзините вооружени сили со оние на НАТО алијансата.
„Имплементацијата на овие реформи ќе ја зајакне способноста на Украина да го брани нејзиниот територијален интегритет“, изјави Пентагон.
Новата помош доаѓа во време на политичка дебата за американските и руските односи, по завршувањето на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин неодамна во Хелсинки.
Facebook Forum