Официјални претставници на Конгресот и Стејт департментот прелиминарно одобрија продажба на мобилен ракетен систем „Џевалин“ од 39 милиони долари на Украина, со цел да и` помогнат на државата да се справи со сепаратистите поддржани од Русија.
Како што прва објави телевизијата „Блумберг“, продажбата на 150 проектили доаѓа месеци откако Украина тоа го побарала на почетокот на годинава.
Во април минатата година, пак, Украина првпат доби 200 вакви проектили и 37 елементи за лансирање, односно трансакција од 47 милиони долари, која се случи во времето на тогашниот претседател Петро Порошенко.
Официјални лица за „Блумберг“ велат дека потенцијалната продажба не е поврзана со пакетот воена помош, кој беше одложен од претседателот Доналд Трамп.
Facebook Forum