Линкови за пристапност

Сенаторот Џонсон рече дека Конгресот би ја обновил помошта за Украина


Дури и претседателот Трамп да одлучи да не троши средства, нема да му дадеме можност тоа да го направи, изјави тој за Украинската редакција на Гласот на Америка

Сенаторот Рон Џонсон рече дека дури и претседателот Доналд Трамп да одбие воена помош за Украина од 250 милиони долари, Конгресот ќе дозволи финансирање за оваа намена.

Џонсон, во изјава за Украинската редакција на Гласот на Америка, вели дека ако Трамп откаже финансиска помош за борбата на Украина против руската агресија, Конгресот ќе донесе легислатива со која ќе овозможи обновување на помошта.

„Независно каква одлука тој ќе донесе, убеден сум дека Конгресот ќе го реши тоа во наредната фискална година на први октомври. Дури и претседателот Трамп да одлучи да не троши средства, нема да му дадеме можност тоа да го направи“, изјави Џонсон.

Џонсон, заедно со демократскиот сенатор Крис Марфи, добија забрана да ја посетат Русија, како дел од двопартсика конгресна делегација која, исто така, имаше закажани посети на Балканот и Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG