Линкови за пристапност

Давитоглу - почесниот конзулат ќе биде куќа на сите државјани на Република Македонија


Давитоглу - почесниот конзулат ќе биде куќа на сите државјани на Република Македонија
Давитоглу - почесниот конзулат ќе биде куќа на сите државјани на Република Македонија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давитоглу четвртокот присуствуваше на отворањето на вториот почесен конзулат на Република Турција во Македонија, а прв во Охрид.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давитоглу четвртокот присуствуваше на отворањето на вториот почесен конзулат на Република Турција во Македонија, а прв во Охрид. Дипломатското претставништво е сместено во стариот дел на градот, на само два метра од езерото.

Cлушнете:

„Почесниот конзулат ќе биде куќа на сите охриѓани и државјани на Република Македонија. Секое катче на Турција е истовремено и куќа на сите охриѓани и државјани на Република Македонија“ кажа Давитоглу на отварањето на почесниот турски конзулат во Охрид.

Според почесниот конзул Абдураман Бајрактари, претставништвото во Охрид ќе ги збогати и досега одличните односи помеѓу Македонија и Турција:

„Ова е протоколарна канцеларија и таму главно ќе се одвиваат протоколарните средби и работи. Една од задачите на конзулатот ќе биде да ги олесни контактите со бизнисмените од Турција кои планираат да инвестираат во Македонија. Сигурно дека со овој потег ќе помогнеме во секој поглед, во културните, дипломатските и економските врски, рече Бајрактари.

Давутоглу четвртокот беше гостин на неговиот македонски колега Антонио Милошоски, а се очекува да оствари средба и со државниот врв. Во Охрид, тој ги разгледа културно-историските знаменитости по што замина во посета на Колеџот "Јахја Кемал" во Струга. Шефот на турската дипломатија ќе престојува и во Битола, каде ќе ја посети спомен - собата на Кемал Ататурк, а во Тетово - Шарената џамија. Во Скопје ќе одржи предавање на Правниот Факултет ,„Јустинијан Први“ и ќе присуствува на промоцијата на Центарот за културна соработка „Јунус Емре“ кој ќе работи во рамките на Амбасадата на Република Турција.

XS
SM
MD
LG