Линкови за пристапност

САД „длабоко вознемирени“ по апсењето на вработен во конзулат во Турција


САД изразија „длабока вознемиреност“ по апсењето на локален вработен во американскиот конзулат во Истанбул, од страна на турските власти.

Турските медиуми објавија дека лицето, идентификувано со иницијалите М.Т. е обвинето за „обид за соборување на уставниот поредок и турската влада" и дека наводно имало врски со прогонетиот свештеник, Фетула Ѓулен.

Од мисијата на САД во Турција изразија уверување дека обвиненијата се „целосно неосновани“ и искажаа загриженост за начинот на кој се постапува со случајот, преку протекување на информации од турската влада и судење на лицето во медиумите, наместо во суд.

Турција го обвини Ѓулен, кој живее во САД за организирање на неуспешниот обид за државен удар во јули 2016-та година.

Оттогаш турските власти притворија околу 50.000 лица, во операција во која десетици илјади лица беа отпуштени од работа во државните служби, а беа затворени и повеќе од 100 медиуми.

Ѓулен ги негираше обвинувањата на владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG