Линкови за пристапност

САД ќе го обноват издавањето на визи во Турција


Вашингтон претходно годинава ги прекинаа сите неимигрантски визни услуги во Турција како одговор на апсењето на Метин Топуз, вработен во Конзулатот на САД во Истанбул

САД објавија дека целосно ќе ги обноват визните услуги за турските државјани кои сакаат да патуваат во САД и оти добиле уверување од Анкара дека ќе го информира Вашингтон, пред да притвори или уапси вработени во Американската амбасада.

Турција ја поздрави одлуката за визите, но рече дека не обезбедила никакви гаранции на САД.

САД претходно годинава ги прекинаа сите неимигрантски визни услуги во Турција, како одговор на апсењето на Метин Топуз, вработен во Американскиот конзулат во Истанбул, под обвинение за тероризам. Во знак на одмазда, Турција ги укина визните услуги во САД.

Во денешното соопштение на Стејт департментот, се вели дека од октомври наваму, Турција се придржувала кон ветувањата дека не води истрага за ниту еден локален вработен во Амбасадата на САД, дека ниту еден вработен нема да биде притворен заради „извршување на службените должности“ и дека во иднина турските власти ќе се консултираат со САД, пред притвор или апсење на локален персонал.

„Врз основа на придржувањето кон овие гаранции, Стејт департментот е убеден дека безбедносната состојба е подобрена и овозможува целосно обновување на визните услуги во Турција“, се вели во соопштението.

Турскиот амбасадор во Вашингтон, Сердар Килич рече дека неговата земја планира да го стори истото за граѓаните на САД кои бараат виза за Турција. Оваа земја сепак негираше дека Анкара на САД им дала какви било гаранции во врска со потенцијалните притворања и апсења на вработените во амбасадата.

„Во однос на гаранциите споменати во американската изјава, би сакале да повториме дека во Турција постои владеење на правото и нашата влада не дала никакви гаранции за тековните случаи, и дека ниту еден локален вработен не е под истрага во врска со неговит еили нејзини службени должности“, се вели во неговото соопштение. „И покрај тоа што прашањето привлече внимание, ние не одобруваме САД лажно да ја информираат турската и американската јавност, тврдејќи дека Турција дала гаранции“.

Двете земји продолжија со ограничени визни услуги на почетокот на ноември, за време на посетата на Вашингтон од страна на турскиот премиер Бинали Јилдирим, но Американката амбасадата во Анкара минатата недела објави дека најрано закажаните интервјуа за визи се во јануари 2019-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG