Турски официјални претставници соопштија дека претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео, кои денеска ќе патуваат во Турција на преговори за прекин на огнот во североисточна Сирија.
Ердоган претходно за „Скај њуз“ изјави дека Пенс и Помпео ќе се состанат со своите турски колеги оваа недела. Турскиот лидер додаде дека кога претседателот Доналд Трамп ќе дојде во Турција тој ќе се сретне со него. Неговите коментари се чини дека укажуваат дека тој нема да разговара со Пенс и Помпео, но директорот на турските комуникации рече дека Ердоган всушност ќе се состане со двајцата американски официјални претставници.
Претседателот Трамп бара прекин на огнот во северо-источна Сирија. „Ги воведовме најсилните санкции што можете да ги замислите (за Турција). Имаме многу ако тие немаат влијание, вклучително и големи царини за челикот“.
Турција започна воена операција минатата недела за да ги разбие сириските курдски сили, кои Анкара ги нарекува терористи, но голем дел од Западот ги смета за клучни партнери во борбата против Исламската држава. Претходно Белата куќа објави дека американските трупи ќе бидат повлечени од областа. Одлуката за повлекување на американските трупи ја критикуваа и демократските и од републиканските законодавци.
За време на неговата посета на Турција, Пенс ќе ја изрази американската посветеност „да се постигне итен прекин на огнот и услови за постигнување на договор“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Facebook Forum