Линкови за пристапност

Трамп најави санкции против турски официјални лица ако не се прекине нападот во Сирија


САД, исто така, ги зголемија царините за челик и ги прекинаа преговорите за трговски договор со Турција од 100 милијарди долари

Претседателот на САД Доналд Трамп бара Турција да го прекине нападот во северниот дел на Сирија, најавувајќи санкции против турски официјални лица. Тој планира да испрати делегација во Анкара, предводена од потпретседателот Мајк Пенс, на разговори за разрешување на ситуацијата.

Турскиот напад ги поттикна Сириските демократски сили да постигнат договор со сириската Влада, која ги врати сириските трупи во северниот дел на државата првпатт после многу години.

Според официјални лица од администрацијата, Трамп наредил делегацијата на Пенс да оди во Турција што е можно побрзо, за да се обиде да постигне договор.

САД, исто така, ги зголемија царините за челик и ги прекинаа преговорите за трговски договор со Турција од 100 милијарди долари.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, изјави дека одлуката на Трамп ја доведува во ризик регионалната безбедност и му штети на кредибилиетот на Америка во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG